Откако во италијанските медиуми се појави вест за несреќата, Хисај и самиот откри што точно се случило.
„Некои медиуми ја пренесоа веста за настанот што се случи пред неколку дена. Сакам да нагласам дека сум добро, како и луѓето кои беа со мене. Дефект на автомобил предизвика пожар додека се возев по улицата, веднаш ја забележав ситуацијата и застанав, за среќа, без повреди на луѓе или оштетување на други возила“, откри Хисај.