недела, 20 октомври 2024

Албанци го хакирале профилот на АТП и објавиле знаме на „Голема Албанија“ (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

На профилот на АТП Тур се појави чудна објава, честитки за независноста на Албанија со знаме од „Голема Албанија“.

„Среќен Ден на независноста на Албанија. На овој голем ден нашите срца се полни со гордост додека го славиме духот на слободата и единството. Нека гордо се вее знамето на Голема Албанија, симбол на нашата богата историја и нека ја покаже силата на нашата нација“, пишува на страницата за турнеја на АТП со знамиња на Албанија и на Косово.

Оваа порака на профилот на АТП Тур стоеше повеќе часа пред да биде избришана. Официјално објаснување како се случило тоа, се уште нема.

s

Многумина сметаа дека оваа акција на албанските хакери е како одговор на однесувањето на српските тенисери предводени од Новак Ѓоковиќ кои на мечевите од Дејвис Купот излегуваа со песната „Весели се српски роде“ која е контроверзна поради стиховите „Нека се вее српското знаме од Призрен до Румија“, места кои се наоѓаат во Косово односно Црна Гора.

Затоа за напад е одбран официјален тениски профил, а не од некој друг спорт.

Знамето од Голема Албанија кое се појавува на сликите е од инцидентот во Белград кога на меч меѓу Србија и Албанија тоа знаме се појави на теренот со дрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ