сабота, 19 октомври 2024

Активисти на Гринпис се качија на покривот на резиденцијата на британскиот премиер (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите се искачија на покривот на вилата на премиерот и ја покрија со голема црна ткаенина, која се простира на околу 200 квадратни метри.

Како што може да се види на сликата споделена од Гринпис на платформата Х, порано позната како Твитер, двајца активисти открија транспарент на кој пишуваше „Риши Сунак – профит од нафтата или нашата иднина?“.

Сунак не е присутен во резиденцијата бидејќи во четвртокот замина на семеен одмор во САД и се очекува да биде надвор од земјата околу десет дена.

Велика Британија започна нова рунда на издавање стотици лиценци за истражување на нафта и гас за локации во Северното Море за да ја зајакне енергетската безбедност и независност, игнорирајќи ги повиците на активистите за заштита на животната средина и Обединетите нации (ОН) да се запре развојот на нови проекти за фосилни горива.

Најавата на британскиот премиер доаѓа во момент кога научниците од ОН и активисти за заштита на животната средина ги повикуваат владите ширум светот да го забрзаат преминот од фосилни горива кон обновливи извори на енергија по летото со рекордно високи температури, суша и поплави поврзани со климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ