За овој пожар известени се пожарникарите од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, кои поради непристапност на теренот не можеле да интервенираат, како и Општина Гази Баба, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и ЈП „Национални шуми“ – подружница „Караџица“.
„По утринското извидување, ако контактираните служби и институции проценат дека има потреба од воздухоплов за гаснење, (авион „ер трактор“ на ДЗС или „бел“ хеликоптер на МВР), тоа од ЦУК веднаш ке биде процесуирано за реализација“, информира ЦУК.
Вчера во 13:30 часот повторно бил активиран пожарот во атарот на селото Јамиште, кој се ширел кон територијата на Општина Кратово. Овој пожар почна на 6 февруари, а беше локализиран наредниот ден околу 18 часот. Пожарот го следеле ТППЕ Пробиштип, ЈП „Национални шуми“ – подружница „Пробиштип“, ТППЕ Кратово, а се контактирало и со локалното население за евентуална потреба од интервенција. Во утринските часови на терен заминале по една екипа од ТППЕ Пробиштип, од Кратово и од Кочани.
Вчера е се запали и шумата над селото Беловиште, Општина Јегуновце, поточно над ресторан „Бела Виста“. Горела дабова и букова шума. За пожарот биле известени Националниот парк „Шар Планина“, кои вчера од 16:15 до 17:25 часот интервенирале со двајца вработени и едно лице од РЦУК Тетово.
Пожарот повторно е активиран синоќа, во 20:30 часот. За тоа се известени НП „Шар Планина“, но поради тешко пристапното место тие не интервенираа во текот на ноќта. Во утринските часови мал тим ренџери од националниот парк дејствувал и го локализирал пожарот, по што ќе се внимава пак да не се активира. За оваа состојба запознаени се и ТППЕ Тетово, но поради непристапен терен тие не се во можност да интервенираат.