Според синдикатот, оставките се логична последица на случувањата.
„Се надеваме дека сето ова што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно покажуваат дека и во Владата не им е битно ништо освен фотелјите“, вели Тасевски за ДВ.
Од оставките зависи и понатамошниот развој на ситуацијата. Ако не бидат разрешени директорите, синдикатот порачува дека нема друга опција, освен да се затвори небото над Скопје од среда (10 јануари), пред сè заради безбедноста на патниците. Штрајкот би траел се до исполнување на нивните барања.
Тасевски е дециден дека имаат поддршка и зад ваквиот став стојат сите вработени.
Нивните услови се или директорите на М-НАВ самите да се повлечат, или Владата да ги разреши на седница која треба да се одржи утре.