„Еве му шанса на градоначалникот да ѝ покаже на јавноста дека работи чесно и согласно законите, како што деновиве изјавува по медиуми како претседателски кандидат и ставен несреќно на црната листа на САД.
Решението со кое се поништи незаконското позитивно конзерваторско мислење за градење на зградите во болничкиот комплекс на Воена болница, Жан Митрев, Букурешт е ПРАВОСИЛНО.
Градоначалникот и надлежните во општина Карпош МОРА да постапат по службена должност и да го поништат одобрението за градење, зошто позитивното конзерваторско мислење беше услов за негово добивање. Градоначалниче, одобрението за градење да се поништи ВЕДНАШ, без одлагање и калкулации!“, се вели во објавата на Независни за Карпош.
Инаку, парцелата каде е во план да никне 17-катен објект се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашна ГОБ „8 Септември“. Според Законот за заштита на културно наследство, за каков и да е проект во тоа подрачје потребно е одобрение од Конзерваторскиот центар.
Конзерваторскиот центар минатиот месец го поништи одобрението, по што инвеститорот вложи жалба која е отфрлена.