Од брзите возачи 24 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 303 надвор од населено место.
Во Скопје сообраќајната полиција напиша 72 казни за брзо возење, а исто така напиша и 10 казнзи за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал, како и казни за друг вид сообраќајни прекршоци.
Од МВР предупредуваат дека нема да прекинат со акциските секојдневни контроли во сообраќајот и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.