недела, 2 февруари 2025

Акција „Вардар“ во Србија, приведени се шест лица за фалсификување евра

Српската полиција, како дел од големата меѓународна полициска акција за откривање на фалсификатори на евра, во која учествува и македонската полиција, денеска во Нови Сад, Нови Пазар, Суботица и Сомбор приведе шест лица.

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата на српската полиција е во координација со македонската полиција и со ЕВРОПОЛ.

МКД.мк денеска објави дека е во тек голема меѓународна полициска акција за откривање на фалсификатори на пари, а сомневањата се дека печатницата за фалсификувани евра и долари е во Македонија.

Во Србија денеска се приведени Иван Ж.Петровиќ (1978) и Иван И. Петровиќ (1999) од Суботица, Аќиф Бихорац (1955) од Нови Пазар, Слободан Новаковиќ (1962) и Сава Осман (1985) од Нови Сад и Зоран Налог (1978) од Бачки Моноштор, општина Сомбор.

При апсењето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ