Акцијата е спроведена во објекти во сопственост на А.Д.(29) од с.Требош, тетовско, сопственост на М.М.(33) од Тетово и сопственост на М.Д.(25) од Тетово поради основи за сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓa фирма“ казниво по член 285 од Кривичниот законик. Притоа, од објектите била одземена разновидна облека со лого од познати светски брендови. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.