петок, 18 октомври 2024

АХВ затвори гостилница во Влае по пријава за труење со храна

По пријава за труење со храна една гостилницата во скопската населба Влае ќе биде затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство – АХВ. Од Центарот за јавно здравје пријавиле дека четири лица се примени на Клиникатата за инфективни болести со симптоми на труење со храна.

Фото: Илустрација - архива

Објавено на

часот

Сподели

Во гостилницата, како што информира АХВ, е спроведен вонреден инспекциски надзор и земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата.

„По добиена информација од епидемиолог од Центар за јавно здравје за прием на четири лица во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со симптоми на труење со храна, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство енеска, согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, спроведоа вонреден инспекциски надзор во гостилница во скопската населба Влае. За лабораториско испитување земени се брисеви од работните површини и примероци од целата инкриминирана храна што ја консумирале лицата. На операторот со храна му се наредени превентивни мерки за чистење и вршење вонредни санитарни прегледи на вработените лица. Од страна на инспекциските служби, гостилницата е времено затворена до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско тестирање“, наведува АХВ.

Агенцијата воедно апелира, во услови на високи температури и поголеми ризици од труење со храна, операторите да бидат одговорни и да се придржуваат до HACCP принципите за безбедност и правилата за добра производствена и хигиенска пракса. Потрошувачите, пак, посочуваат од АХВ, треба да бидат одговорни, да водат сметка и храна да набавуваат од регистрирани оператори, односно да пазарат на начин и во време кога нема опасност да предизвикаат нејзина контаминација поради високите температури.

Бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22  на Агенцијата за храна и ветеринарство останува отворена за пријавување сомнеж во однос на безбедноста на храната. Претставки до Одделението за заштита на потрошувачите граѓаните може да поднесат и лично и електронски на [email protected].

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ