„Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица. На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лиц“а, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, операторите и
потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел, како што велат, спречување на ризици од појава на можно труење со храна.
Во функција е ставена бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22
каде може да се пријави секој сомнеж поврзан со безбедноста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на [email protected].
Вкупно девет лица вчера биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.