петок, 18 октомври 2024

АХВ: Сендвичарница во Аеродром е времено затворена, постои сомнеж за труења со храна и со салмонела

По добиено  известување од Центарот за јавно здравје Скопје за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат,вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во Аеродром и времено ја затворија до добивање на резултатите од анализа на храната и од брисевите земени од вработените и од работните површини.

Фото: АХВ

Објавено на

часот

Сподели

Од АХВ велат дека причината за вонредната инспекциска контрола се пријавените девет случаи, од кои пет лица лабораториски потврдени со наод на Салмонела (Salmonella infection), три лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна).

„При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот. Сосовите со мајонез и кечап ,како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки. За утврдување на причинителот на инфекциите, земени се пет мостри од храна и тоа мајонез, кечап,стек, плескавица и марула, четири бриса од работни површини и опрема, и три од вработените лица.

Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна се до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи,темелно механичко и хемиско чистење“, се вели во соопштението на АХВ.

Во него се додава деа АXВ во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, открија и спречија промет на свињи по потекло од Куманово.

„По  спроведената контрола од страна на инспектор  на АХВ, утврдено е дека свињите  по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите. Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните. Против  сопственикот ќе биде поднесена соодветна  прекршочна санкција“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ