петок, 18 октомври 2024

Ахмети бара да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од него

Објавено на

часот

Сподели

„Господин Мерко мора да биде под истрага и апсолутно господин Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот е изгласан во Генералниот совет и во Претседателството на ДУИ, да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција, од 2002 година до сега во моментот што зборуваме. Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина“, изјави Ахмети за ТВ21, прашан за ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ