недела, 22 декември 2024
Средба со претседателката на албанскиот парламент

Ахмети ѝ се пожалил на Спиропали за тоа дека ДУИ не е во власта

„На г-ѓа Спиропали и ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети за тоа што ѝ кажал на претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали која е во официјална посета на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Со г-ѓа Спиропали разговаравме за прашањата поврзани со членството на нашите две земји во Европската Унија, пат што го поминавме заедно и имаме многу предизвици пред нас.

На г-ѓа Спиропали ѝ ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање.

Исто така, разговаравме и за потребата од проверка со меѓународен надзор, споделувајќи конкретни искуства со Албанија во оваа многу важна сфера. Албанија и Северна Македонија, како две сојузнички земји, мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграција во Европската унија“, изјави Ахмети по средбата со Елиса Спиропали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ