Во последните денови од зимскиот преоден рок, 22 годишниот Агон Елези направи трансфер.
Македонскиот репрезентативец го напушти Вараждин и се пресели во Бундеслигата, во редовите на Бохум.
Новинарот Ренч на социјалните мрежи објави фотографија од Агон Елези со дресот на Бохум, па се очекува клубот за брзо време и официјално да ја потврди зделката.