четврток, 6 март 2025

Агенцијата за пошти лани не го подобрила квалитетот на услугите, заклучија пратениците

Собраниската комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на денешната седница едногласно донесе предлог заклучок дека Агенцијата за пошти во 2024 година не ги реализирала активностите за подобрување на квалитетот на услугите и сузбивањето на нелојалната конкуренција. Комисијата, исто така, оцени дека лани Агенцијата не ги постигнала очекуваните цели, приоритети и резултати и овие заклучоци ќе се достават до Владата, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за пошти.

Објавено на

часот

Сподели

Овие предлог заклучоци ги поднесе пратеникот Тони Јаневски, кој во своето излагање истакна дека Агенцијата не директно, туку била своевидна алатка на некое определено политичко влијание коешто требало, хипотетички, да нанесе штета врз работењето на Националниот оператор.

„Не станува збор дека таму не треба да се соочиме со проблемите, треба решенија и за преодни одлуки, но дефинитивно Агенцијата има улога за обременување на работата на Пошта, кои произлегуваат од самиот Извештај“, рече Јаневски.

Извештајот за ланското работење пред пратениците го образложи директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиновски, кој потенцираше дека лани е издадена само една лиценца за работа на нова компанија во поштенскиот сообраќај, а трендот на нови компании кои добиваат лиценци од година во година опаѓа.

Според него, лани во државата заедно со Пошта работеле уште 32 даватели на такви услуги, а четири компании го изгубиле статусот на даватели на поштенски услуги.

Во 2024 година биле поднесени дваесет претставки од физички и правни лица до Агенцијата за пошти, кои најмногу се однесувале на неуредна достава на пратки, за неработење на поштенска единица, губење и оштетување на пратки, недоставување пратки и други неправилности во работењето.

На денешната седница Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање го рагзледа и предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за градење во прво читање и донесе заклучок тој да биде проследен во понатамошна процедура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ