петок, 18 октомври 2024

„Аферата двојник – лажни пасоши“ од Михајло Маневски

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ од Скопје денеска во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Аферата двојник – лажни пасоши“ од Михајло Маневски. На страниците од своето дело авторот прави правна анализа за издадените 218 пасоши со лажен идентитет.

Објавено на

часот

Сподели

Во заклучоците и препораките тој констатира дека овој тежок и организиран криминал од светски размери во суштина сè уште не е целосно отворен. Всушност, тој е повеќе прикриен отколку откриен случај со огромни штетни последници. Оваа афера претставува тешка повреда за заштита на тајноста на личните податоци и нивната сигурност, како основни човекови права и слободи гарантирани со Уставот. Целиот случај беше сведен на одговорност на службени лица од понизок ранг, на помлади референти и советниици, евидентичари и администртивни службеници, без одговорност на ниту едно лице од повисок ранг во раководните структури во Министерството за внатрешни работи.

За изданието ќе говори публицистот Сотир Костов.

Михајло Маневски е поранешен министер на Министерството за правда на Република Македонија. Автор е на стручни и научни трудови и учествувал на државни и меѓународни конференции во врска со владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ