петок, 18 октомври 2024

Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот Тимчо Муцунски истакна дека откако Советот ќе донесе одлука, Општина Аеродром ќе објави јавен повик за избор на стратешки партнер кој ќе има обврски преку јавно – приватно партнерство да го спроведе проектот. Тој нагласи дека трошоците за имплементација на „Смарт Аеродром“ во целост ќе ги сноси приватната компанија која ќе го имплементира проектот, а Општина Аеродром освен што нема да има финансиски импликации, туку ќе оствари заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на средства.

„Проектот „Смарт Аеродром“ претставува реализација на ветување дадено во изборната програма и истиот е значаен исчекор напред за граѓаните и нашата општина, покажувајќи ја решеноста за прифаќање на новите технологии и одржливи практики во насока на подигнување на квалитетот на живеење. Со имплементирање на овие иновативни решенија, го отвораме патот за посветла иднина во Аеродром – иднина каде технологијата, одржливоста и поврзувањето се спојуваат во еден проект кој пред се ќе донесе низа бенефити за граѓаните, а потоа ќе донесе технолошки напредна општина со која сите ќе се гордееме. „Смарт Аеродром“  е сеопфатен напор за беспрекорно интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење, а воедно е и проект кој се имплементира за првпат во Македонија, токму во Општината Аеродром“, изјави Муцунски и додаде дека со ова општината ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина подготвена за иднината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ