среда, 23 октомври 2024

Аеродром ќе остранува хаварисани и нерегистрирани возила

Денеска и самиот в.д.градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, заедно со вработени во Општината, оставал опомени на возилата кои се хаварисани или нерегистрирани да бидат отстранети, во спротивно, службите ќе ги однесат на трошок на сопствениците. Тој вели дека хаварисаните возила со години узурпираат јавни површини и зафаќаат паркинг-места со што го попречуваат секојдневието на аеродромци.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на денешната акција, согласно со законските регулативи, оставени се околу 60 опомени за отстранување на хаварисаните и нерегистрираните возила од јавните површини, велат од Општината.

„Хаварисаните возила треба да се отстранат во рок од седум дена од добиената опомена. Во спротивно, ќе бидат дислоцирани од страна на надлежните служби на трошок на сопствениците, а во наредниот период вакви опомени ќе добијат сите хаварисани возила на ниво на целата територија на Општината. Со оваа акција се очекува да бидат ослободени од 100 до 150 паркинг-места во Општината, што дополнително ќе придонесе за намалување на недостигот на паркиралишта“, се вели во соопштението.

Митески апелира до граѓаните на совесно однесување и ги потсетува дека паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането со закон. Хаварисаните возила, покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност како за граѓаните, така и за животната средина, нагласил тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ