Компанијата го зголеми бројот на клиенти, воведе иновации во работењето, ја исплати најголемата осигурителна штета досега исплатена од оваа компанија во нашата земја, изгради репутација на стабилна и компактна компанија во која секој поединец може да се развива и да гради успешна кариера.
Кроација Осигурување се наметна како сигурен и професионален осигурителен партнер на компаниите во Македонија, овозможувајќи им непречен раст и развој во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања кои значајно го погодуваат нивниот бизнис. За граѓаните понуди сигурност, која значително го подобрува квалитетот на нивниот живот.Kроација осигурување како лидер на пазарот отвори многу прашања во нашето општество поврзани со осигурувањето, за прениската цена на авто осигурувањето, за скапите здравствени услуги во земјава, за останатите предизвици со кои се соочува осигурителната индустрија.
„Осигурителната индустрија се соочува со низа предизвици кои веќе значително влијаат на целокупниот иден развој на оваа гранка. Цените на осигурување со години се непроменети и можам да кажам дека нашите граѓани имаат достапност за осигурување по најниски цени во регионот.
Посебно е ниска цената на авто осигурувањето која не е променета 15 години, а од друга страна растат цените на резервните делови и цените на услугите на сервисите. Тоа ја доведува во прашање издржливоста и оправданоста за осигурителните компании да го нудат овој продукт.
Исто така сакам да истакнам дека енормниот пораст на цените на здраствените услуги во услови на замрзнати цени на осигурителни продукти нѐ доведува во уште потешка позиција. Актуелната економска состојба, инфлацијата дополнително влијаат на индустријата.
Како индустрија тешко може да планираме иден раст и развој, а истовремено да бидеме атрактивни за привлекување на талентирани млади луѓе“, вели Манев.
- Reply
- See translation
- Reply
People you may know
Biker Trash Network
- Reply
- ПРЕМИУМ ЦЕНА Алатка за чистење мраз и снег со грејач 12v
- ПРЕМИУМ ЦЕНА Алатка за чистење трева, плевел, мов