недела, 29 декември 2024

Администрацијата на Бајден ги довела нафтените резерви на САД до невидено ниско ниво

Постојаното посегање на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден по сировата нафта од американските стратегиски резерви ги довело државните залихи на Соединетите Американски Држави до толку ниско ниво какво што не е видено во изминатите 30 години и повеќе, кажа претседателот на Американското здружение за нафта и гас Тим Стјуарт.

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа распродаде повеќе од 40 отсто од своите стратегиски резерви во текот на минатата година во обид да ги заузда растечките цени на горивата, кажа Стјуарт во интервју за Фокс њуз.

„Нашите стратегиски резерви на почетокот биле замислени како одговор на проблемите во снабдувањето со сирова нафта, но не нужно и за високите цени“, истакна тој.

До поголемо празнење на американските нафтени резерви последен пат дошло за време на операцијата Пустинска бура во 1991 година, кога на пазарот биле исфрлени 31 милион барели, а потоа и во 2005 година за време на ураганот Катрина, кога во промет биле уфрлени 30 милиони барели, напомена Стјуарт.

„Меѓутоа, пред 12 месеци, администрацијата го предизвика најголемиот пад (на нафтените резерви) во нашата историја бидејќи мораа да минат низ изборен циклус“, кажа Стјуарт, мислејќи на енергетската криза која се случи за време на американските меѓуизбори минатата година.

Сега на администрацијата на Бајден ѝ се потребни 168 милиони барели за да го врати нивото од 2001 година, и уште 300 милиони за целосно да ги пополни резервите, вели Стјуарт и додава дека тој потфат „ќе биде многу скап и долго ќе трае“.

Намалувањето на стратегиските резерви во големи размери ја компромитира националната безбедност на земјата, заклучува тој.

Залихите нафта за кои е одговорно министерството за енергетика на САД се воспоставени откако арапските членки на групата ОПЕК воведоа нафтено ембарго во 1973-1974 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ