вторник, 24 декември 2024

Администрацијата на Бајден бара од Конгресот да одобри продажба на гранати за Израел

Администрацијата на Бајден побара од Конгресот да одобри продажба на 45.000 гранати за израелските тенкови Меркава за да можат да ги користат при напади на Хамас во Газа, според четири извори, меѓу кои и сегашен и поранешен американски функционер.

Објавено на

часот

Сподели

Можната продажба, вредна повеќе од 500 милиони долари, не е дел од барањето на американскиот претседател Џо Бајден од 110,5 милијарди долари, кое вклучува финансирање и за Украина и за Израел. Барањето е под неформално разгледување во комисиите за надворешна политика на Сенатот и Претставничкиот дом, што на членовите им овозможува да ја одложат продажбата или во неформални дискусии да ја изнесат својата загриженост до администрацијата.

Стејт департментот бара од двата одбори брзо да ја одобрат трансакцијата, според еден актуелен американски функционер и Џош Пол, поранешен функционер на Стејт департментот, додека од друга страна има се поголеми критики за употребата на оружје од американско производство во конфликтот.

„Тоа беше испратено до одборите претходно оваа недела и тие треба да имаат 20 дена да го разгледаат израелскиот случај. Стејт департментот им врши притисок веднаш да го решат“, рече Пол, кој поднесе оставка од својата функција во Стејт департментот во октомври поради, како што рече „слепата поддршка“ на администрацијата на Израел.

Администрацијата, исто така, размислува за можноста во согласност со одредбата на законот за контрола на извозот на оружје за итни случаи да дозволи продажба на 13.000 од 45.000 гранати за да се заобиколат одборите, рекоа двајца американски официјални лица, додавајќи дека сè уште не е донесена конечна одлука. Овој потег ќе му овозможи на Израел да се подготви со оглед на високата тензија во регионот, рече еден од официјалните лица.

Портпаролот на Стејт департментот рече дека „нема да ги потврди или коментира предложените трансфери или продажби се додека за тоа не биде известен Конгресот“.

Сенаторот Крис Ван Холен, демократ во Комитетот за надворешни работи, рече дека позицијата на Конгресот е клучна во голема продажба на оружје. „Администрацијата не треба да размислува за заобиколување на веќе и така краткиот рок за разгледување на Конгресот, во овој или кој било друг трансфер на оружје“, рече тој.

На снимки се гледа како Израел редовно распоредува тенкови Меркава во нападите на Газа и на јужната граница со Либан, каде што конфликтот трае од 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ