Адеми беше стартер на мечот и играше до 73. минута, Ристовски остана на клупата за резерви.
По крајот на мечот фудбалерите на Динамо Загреб разговараа со своите навивачи, а Адеми не сакаше да зборува што било кажано меѓу двете страни.
Критики сега доаѓаат и ќе доаѓаат од секаде, а Адеми вели дека треба да ги покријат ушите и да продолжат.
„Мора да ги покриеме ушите и да продолжиме. Мора да работиме уште понапорно, нема предавање. Секоја години нашата мотивација е да го освоиме првенството, така е и оваа. Можеби сме во нокдаун, но мора да се кренеме“, вели Адеми.
„На секој меч мора да бидеме енергетски подобри, тоа е клучот за се. Сите знаеме да играме фудбал, но енергијата носи титули“.