недела, 22 декември 2024

9.000 земјоделци ќе поделат една милијарда денари, најави Владата

Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство, а кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата, се наведува во соопштението што денеска Владата го испрати до јавноста.

Објавено на

часот

Сподели

Од Владата информираа дека се издвоени една милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците.

„Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата. Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците. На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства“, се наведува во соопштението од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ