„Пожарот го изгаснал неговиот татко на Т.Ј., а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција“, се појаснува во соопштението.
Вчера пак, во 13:52 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект – колиба на кавадаречко место викано Глувчовец, сопственост на 66-годишната Т.Н. од овој град.
„Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица – Кавадарци, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци“, пишува во соопштението на СВР Велес.