среда, 23 октомври 2024

70-годишник осомничен за силување на 11-годишно девојче, му држел дополнителни часови и го злоупотребувал

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот 70-годишник, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на неговото присуство и непречено водење на кривичната постапка: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничениот за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски со детето/жртва, забрана за одржување часови на други деца и забрана за посетување на домот на семејството на детето жртва.​

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ