Најмногу снег наврна во Маврови Анови 61 сантиметар, на Попова Шапка 48, во Крушево 35, во Лазарополе 21, во Дебар пет сантиметри, во Претор четири и во Берово три сантиметри.
На Попова Шапка наврнало најмногу дожд 44 л/м2, во Кавадарци и Маврови Анови 34, во Демир Капија 30…
Преку ноќта имаше врнежи од дожд на североистокот и на југот од земјата, а утринава врнежите се престанати и само во Струмица има појава на слаб дожд. Преовладува претежно облачно време.
Времето утрово ќе биде облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се намалува.
Максималната температура ќе достигне до 6 степени.