Според анкетата, најголем дел од судиите (59 %) не веруваат дека постојните механизми се делотворни за да се заштити судската функција од надворешните притисоци или обиди за влијание.
Ова сугерира дека тие чувствуваат дека нивниот професионален интегритет може да не биде доволно заштитен кога е неопходно.
Дополнително, 47 % од судиите не сметаат дека постојните механизми за превенција на судир на интереси се делотворни за целосно да превенираат вакви ситуации. Ова ја истакнува потребата од поделотворни контрамерки за да се одговори на ризиците од корупција поврзани со блискоста меѓу судиите, јавните обвинители и адвокатите, што може да влијае на некои постапки.
И покрај ова, значителен дел од испитаниците (69 %) не чувствува потреба да ги користи постојните механизми за заштита на судската функција.
Големо мнозинство од учесниците, 76 % веруваат дека судиите се придржуваат кон постојната законска обврска да го пријават сиот свој имот, како што е пропишано со Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Понатаму, 86 % од испитаниците се согласуваат дека распределбата на предмети се врши исклучиво преку АКМИС, Автоматскиот компјутерски систем за управување со предметите во судовите (Automated Court Case Management Information System, ACCMIS).
Последниот наод доста охрабрува, особено по искуствата од минатото6 и сугерира дека овој систем е добро вкоренет во секојдневното функционирање на судството.