Покрај казните за брзо возење, изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон при управување возило, четири мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.