Полицијата напиша и 17 казни за возење без возачка дозвола, три за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли, изречени се и две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет санкции за користење мобилен телефон при управување возило, три мерки за некористење сигурносен појас, како и казни за друг вид на прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.