19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, како што МВР информира понатаму, 176 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 204 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли од поголем обем продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.