сабота, 8 февруари 2025

34 македонски современи ракотворци од денеска ќе изложуваат производи на базарот „Подари љубов, укради срце!“

Од денеска до 14 февруари на првиот кат во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржува базар  „Подари љубов, укради срце!“. Учествуваат 34 македонски современи ракотворци, кои нудат широка палета на рачно изработени производи. „Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници, насочени кон промоција на македонските креативци.

Објавено на

часот

Сподели

На базарот, во пресрет на Денот на вљубените – Свети Валентин, посетителите ќе имаат можност да изберат подароци за своите најблиски. Ќе можат да се погледнат колачиња декорирани во духот на љубовта, впечатливи аксесоари, чанти и накит, дизајнирани свеќи, љубовни сувенири, веганска козметика и шарени керамички приказни.

Од денеска до 11 февруари ќе учествуваат брендовите: Glossy Accessories, Pinkocrafts, Wanderlust_mk, tangled.threadss, Flow.Can.Donna, Шарено ќоше, vbunarovska, Scented Studio, marcy_s_handmade, Сербез, Креативно студио Алегра, ByMimiCosmetis, Pika.Jesmonite, Wax & Wick Candles, Crochet by Fosi, Jordan WoodWorker, Китка дарови и Ателје Сиена.

Од 12 до 14 февруари штандовите се резервирани за: Ukiyo Crafts, simple Du, Balloon Twister, Dekoracii Marija, M&M Luxury Soap Bouquet, КРУГ, Луксифај гифт шоп, Бибер и Ванила, Добро ми стои, Елена Ристовска, АКРЕА, Small piece of joy, Zen.Zeal, Love corner, Lumos Glow Candles и Monkdolls.

„Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници, насочени кон промоција на македонските креативци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ