Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата. Акушерката била суспендирана, дадена на дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место, соопштија од Министерството за здравство.