петок, 18 октомври 2024

Трамп: Бајден и специјалниот обвинител нека гнијат во пеколот. Среќен Божиќ!

Повеќето светски политички, духовни и национални лидери го одбележуваат Божиќ со повици за мир или со нагласување на доблестите на семејството и заедницата, но тоа не е стилот на Доналд Трамп, пишува Си-ен-ен.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот претседател испушти лавина од гнев и горчина на својата социјална мрежа Трут соушл на Бадник и Божиќ, најмногу поради своите правни проблеми, прикажувајќи го раздорот и личните опсесии што ќе ги пренесе на нацијата во клучната изборна година во 2024 година.

Трамп ги нападна претседателот Џо Бајден и специјалниот советник Џек Смит, давајќи опсежни и лажни тврдења дека неговите обиди да остане на функцијата по поразот на изборите во 2020 година претставуваат витална одбрана на американската демократија и затоа биле совршено легални.

Во навредливите објави со големи букви, Трамп ја засили својата екстремна реторика за имиграцијата, која веќе предизвика споредби со нацистичката реторика и го повтори својот став за неограничена претседателска моќ, поради која критичарите се плашат од автократија доколку тој победи на следните избори.

Само три недели пред да почне гласањето во трката за републиканска претседателска номинација, фаворитот, ја нагласи и извонредната мера до која лажните тврдења за изборна измама пред три години сè уште се столбот на неговиот политички проект.

А неговите тиради, во време кога Американците кои го слават Божиќ се собираа со најблиските и бараа момент на мир, навестуваат разгневена душевна состојба и целосно негирање, пишува Си-Ен-Ен, додавајќи дека најверојатно тоа ќе предизвика нова загриженост за неговиот темперамент и подобност повторно да служи како врховен командант и се мрачен предзнак за тоа што може да донесе уште еден мандат на Трамп.

Трамп на Бадник навечер со големи букви објави.

„ТИЕ ЈА ШПИОНИРАА МОЈАТА КАМПАЊА, ГО ЛАЖЕА КОНГРЕСОТ, ЈА МАМЕА ФИСА, ГИ НАМЕСТИЈА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ, ДОЗВОЛИЈА МИЛИОНИ ЛУЃЕ, МНОГУМИНА ОД ЗАТВОРИ И МЕНТАЛНИ УСТАНОВИ, ДА ЈА ПОПЛАВАТ НАШАТА ЗЕМЈА, ЗАФРКНАА ВО АВГАНИСТАН, И НАСИЛНИЦИТЕ НА ЏО БАЈДЕН И ИЗРОДИТЕ, КАКО ПОРЕМЕТЕНИОТ ЏЕК СМИТ, МЕ ПРОГОНУВААТ НА ДОСЕГА НЕВИДЕН НАЧИН. ТОА СЕ ВИКА МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИ. СРЕЌЕН БОЖИЌ!“

Неговото расположение беше едвај поинакво на Божиќ, кога го обвини Бајден дека оркестрирал мешање во изборите мислејќи на 91 обвинение за кривично дело и четири судења кои се во тек против поранешниот американски претседател.

Но, Трамп им вети на своите приврзаници „ГОЛЕМА И СЛАВНА ПОБЕДА ЗА ОНИЕ ХРАБРИ И БЕСТРАШНИ ПАТРИОТИ КОИ САКААТ ДА ЈА НАПРАВАТ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА. СРЕЌЕН БОЖИК НА СИТЕ!!!”

Во една од своите најбизарни и најнеумерениобјави, тој во понеделникот им посака среќен Божиќ на „светските лидери, и добри и лоши, но ниту еден од нив не е толку злобен и „болен“ како насилниците што ги имаме во нашата земја.

Во својот последен напад на Бајден и Смит, Трамп напиша: „НЕКА ГНИЈАТ ВО ПЕКОЛОТ. СРЕЌЕН БОЖИЌ УШТЕ ЕДНАШ!“.

Милиони Американци веројатно ќе гласаат за Трамп на претседателските прелиминарни избори, покажувајќи дека не ги вознемирува неговото однесување или неговиот сѐ поголем екстремизам, додава Си-ен-ен.

Уште десетици милиони веројатно ќе го поддржат ако биде републикански кандидат додека се обидува да направи неверојатен политички камбек и да стане само вториот поранешен претседател кој освоил втор мандат без последователна победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ