Епидемиологот доктор Едита Размизи вели дека во Кратово регистрирани се три случаи, во Крива Паланка два и еден случај има во Липково.
„Новозаболените се на домашно лекување. Станува збор за деца од 11 до 17 годишна возраст, сите се комплетно вакцинирани и се во општа добра здравствена состојба“, изјави доктор Рамизи.
Од Центарот за јавно здравје велат дека продолжуваат мерките согласно укажувањата на Комисија за заразни болести и Институтот за јавно здравје.
Засилени се епидемиолошки истражувања, откривањетоп сомнителни случаи, проверките на вакцинални статуси, се врши изолација на заболените и привремено отсуство од установите, школите, градинките и едукативните центри.