сабота, 19 октомври 2024

250 казнети возачи во Скопје, 72 за брзо возење

Објавено на

часот

Сподели

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 97 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум санкции за управување под дејство на алкохол, една мерка за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ