Од СВР Скопје информираат дека вчера на територијата на главниот град изречени се вкупно 169 мерки, а покрај 36 – те санкции за брзо возење, изречени се и 11 казни за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол, 10 за користење мобилен телефон при возење, пет за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возач почетник, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин да придонесат за поголема безбедноста во сообраќајот.