петок, 18 октомври 2024
Ролан Гарос

23. грен слем титула за Новак Ѓоковиќ, Србинот е најдобар тенисер на сите времиња

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ беше прв во историјата во повеќе категории, а од денеска и во главната, тој е тенисер со најмногу грен слем титули.

До денеска беше израмнет со Рафаел Надал, но од денеска само српскиот тенисер има 23 грен слем титули, со што им стави крај на дебатите за најдобар во историјата.

Каспер Руд иако загуби со 3-0, даде силен отпор, мечот траеше повеќе од три часа. Во првиот сет се играше тајбрејк, кој го доби Новак со 7-1.

Во вториот сет триумфираше со 6-3, а во третиот со 7-5.

Со овој триумф Ѓоковиќ стана и најстариот тенисер во историјата што го освоил Ролан Гарос.

Ѓоковиќ стана и првиот тенисер во историјата кој најмалку по трипати го освоил секој од четирите грен слем турнири.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ