За време на сообраќајните контроли во Скопје за возење повеќе од дозволената брзина напишани се 35 казни, 11 за возење без возачка дозвола, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за непрописно престројување на возила, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и казни за друг вид на прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.
Фото: П.Џ.