Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РСМ, кое немало законски наследници. Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.