Од МВР информираат дека 15 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, една санкција за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Изречени се и шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, една санкција за користење мобилен телефон при управување возило и четири мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.