среда, 2 октомври 2024

18-годишен возач и малолетно девојче завршија во болница откако со автомобил излетаа од пат

Денеска во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило мерцедес со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ