петок, 31 јануари 2025

16-годишно девојче со нож го повредила својот татко

Вчера во полицијата во Пробиштип било пријавено дека во семејниот дом, по претходна расправија помеѓу родителите, 16–годишно девојче со остар предмет го нападнало и му нанело убодна рана на својот татко И.А.(46).

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил пренесен во Здравствен дом Пробиштип, каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа. Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ