недела, 20 октомври 2024
Сообраќајна контрола во Скопје

14 лица возеле без возачка дозвола, 38 возачи фатени на радар

Објавено на

часот

Сподели

На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престигнување и престројување, изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас при возење, а изречени се и други прекршочни казни, соопштија од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во пораката од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ