петок, 18 октомври 2024

12 стихозбирки влегоа во поширокиот избор за наградата „Антево перо“

Објавено на

часот

Сподели

Поетските збирки под шифри, Magna Mater – „(Ре)инкарнација“, Александар Русјаков – „50 испеани приказни“, Ирена Павлова де Одорико – „Царски рез“, Елизабета Дончевска Лушин – „(не)ПРИПИТОМЕНА“, Коста Бојчески – „До дното“, Љубинка Донева – „Монолог на пирејот“, Милена Сиљаноска – „Болопадание“, Кирил Ангелов – „сновиденија“, Александра Спасеска – „Координати на болката“, Стела (Маја) Босилковска – „Невидлива е војната“, Томе Липовски – „А што да речам“ и Ѓорги Калајџиев – „Петна“ се 12-те стихозбирки кои годинава влегоа во потесниот круг за книжевната награда „Антево перо“.

„Жири-комисијата во состав, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател) и д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), во изминатиот период во неколку наврати сукцесивно и темелно ги разгледуваше и анализираше пристигнатите збирки. На својот прв состанок по завршувањето на Конкурсот, по плодната дискусија, жири-комисијата издвои 12 поетски збирки кои се во поширок избор за наградата „Антево перо“ , соопштија од здружението.

Оттаму уште информираат дека како и минатите години и оваа година жири-комисијата „со особено задоволство одвои простор и за младите автори, коишто зедоа учество на Конкурсот што го распишува Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски,  „Антево перо“.

„Во поширок избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува на млад автор за поетско творештво на македонски јазик со забележителни поетски квалитети, жири-комисијата издвои 5 збирки поезија и тоа, Матеја Талеска – „Улица на соништата“, Ана Ѓорчевска – „Копнеж по тебе“, Емануела Ковачевска Китановска – „Второ детство“, Светла Јакшиќ – „Ноќен суфлер“ и Александра Атанасова – „Душебол“, соопшти здружението.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ