Напишани се 53 казни за брзо возење, 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, четири мерки за возење без возачка дозвол, пет санкции за некористење сигурносен појас при возење, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, како и казни за други вид сообраќајни прекршоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“ порачуваат од МВР.