„Преку денешната акција што ја спроведоа нашите вработени, ја покажавме нашата грижа за намалување на еколошката загаденост и дадовме позитивен пример како секој граѓанин треба да придонесе за одржување поздрава планета. Токму 100-годишнината е достигнување што вреди да се одбележи со една ваква значајна хумана акција и да остане како сведоштво на нашето одговорно работење. Оваа акција е продолжување на нашата постојана одговорност кон заедницата и нашата зелена агенда за заштита на животната средина, која е еден од главните приоритети на компанијата. Преку еколошка свест за заштита на почвата, воздухот и на водите и со континуирани активности во процесите на производство и инвестициите што ги правиме за намалување на емисијата на штетни гасови, отпадни води и намалување на грамажата на PET-шишињата што ги користиме“, изјави генералниот директор на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски.
Веќе еден век Прилепска пиварница ја преточува страста и посветеноста во производство на исклучителни пијалаци, а секоја голтка сведочи за нашата бескомпромисна определба за врвен квалитет и извонредност, велат од компанијата.