„Заедно со средношколците го одбележуваме Меѓународниот ден на шумите со акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено ја подигнуваме свесноста за важноста на животната средина и одговорниот однос кон неа без нејзино загадување и уништување. Истовремено, Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности за садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје“, изјави Арсовска.
Во големата еко акција за пошумување учествуваат 100 средношколци од средните училишта на Град Скопје Боро Петрушевски, 8-ми Септември, Михајло Пупин и Панче Арсовски.