Катерина Астергиева смета дека убавината е неопходна за успех.
„Правам вежби и масажи за лице, со кои на кожата ѝ овозможувам подобра циркулација, но тие се корисни и за здрав и свеж тен“, ги открива Катерина своите трикови за нега и додава дека ретко посетува козметички салони.
„Немам некоја посебна диета, но би ја издвоила спортската диета, со која не се исцрпувам и можам да вежбам“, вели таа.
Кај претставниците од спротивниот пол прво што забележува е насмевката.
Омилен спорт ѝ се фитнесот и пливањето, а од хоби игра модерен танц и слика. Се релаксира во друштво на пријателите кога излегува.
Од нејзините родители добила неколку совети што ги помни, а еден од нив е да верува во себе, да ги следи своите цели и да запомни дека никој не е совршен.
„Стилот за мене значи да изградиш свој карактер, кој ќе можеш да го претставиш преку облеката“, смета оваа убава неготинчанка.
За фотографиите на Катерина се погрижи Ичко Арнаудов