„Не можеме да негираме дека убавината игра доста важна улога за да се биде модел, но секако не е и пресудна. Ставот кој секој модел треба да го има е исто така доста важен, што јас го викам „персоналити“. Ова се два доста важни фактори кои не можат едно без друго за да се постигне тоа што навистина се бара и очекува“, вели Елена Смилевска.
Елена не применува некои посебни препарати за нега, се негува на природен начин, а мајката природа си игра важна улога – вели, но затоа е многу дисциплинирана. Козметички салони посетува кога има потреба од тоа, понекогаш за нега, а понекогаш само за релаксација.
А еве што забележува најпрво таа кај спортивниот пол.
„Прво што забележува човечкото око е изгледот. Физичкиот изглед е тоа што го забележуваме на прв поглед, се разбира ако е во прашање нешто повеќе тука дефинитивно духот и карактерот го земаат првото место.“, вели Елена.
Убавата форма на телото ја одржува со фитнес и јога. „Без тоа не можам затоа што навистина ми е важен изгледот на телото. Хоби? Сонување“.
Би живеела во Мајами, каде што и момнетално престојува. За неа да се има стил значи да се има единствен изглед, кој ќе биде својствен и кој ќе ја опишува таа личност. А тој стил треба да биде во согласност со карактерот и физиономијата, и така да се негува.